Утрински Весник
Македонија

(Видео)Ковачевски: Еднакви можности и инклузија на лицата со попреченост е приоритет на оваа Влада

(Видео)Ковачевски: Еднакви можности и инклузија на лицата со попреченост е приоритет на оваа Влада
Ss2

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот се промовираше нацрт-стратегијата за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година кој се изработи во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

dobivaj vesti na viber

„Кога инвестираме во стратегии и политики на повеќе нивоа ја докажуваме нашата борба против стигмата, против дискриминацијата и сме потсетник и инспирација за секој поединец дека лицата со попреченост ги имаат сите права како секој граѓанин и секое дете, како секој млад човек на оваа држава. Оваа Влада уште од самиот почеток се залага на преземање конкретни мерки, како би се зголемила и подобрила интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на општеството-политички, социјален, економски, културен живот“ рече Ковачевски.

300x250 (7)

„Во мое име и во име на Владата сакам да изразам голема благодарност за искажаната подготвеност на Германското друштво за меѓународна соработка и на тимот на Агенциите на Обединетите Нации за поддршката на овој исклучително значаен системски процес за изработка на овој документ со кој се унапредуваат на правата на лицата со попреченост во Северна Македонија, преку широка соработка со организациите на лица со попреченост и државните надлежни институции“ порача премиерот.

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Состојба на патиштата – 24info.mk