Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: 2022 година е година на највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра

(Видео) Ковачевски: 2022 година е година на највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, на прес-конференција, ја презентираше реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година. Тој посочи дека во минатата година има највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение интегралниот текст од прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски:

„ Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше простор за сомнеж дека нема да се успее, сепак во 2022 година имаме реализација на капиталните проекти од речиси 90 проценти од планираното, што е највисок остварен процент во споредба со претходните 10 години. Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните и нивниот стандард.

На почетокот сакам да потенцирам дека споредено со 2014 година, кога капиталните инвестиции беа во вредност од 286 милиони евра, лани тие се искачија и достигнаа вредност од 465 милиони евра, што е зголемување за 179 милиони евра или за повеќе од 60 %. Минатата 2022 година, бележиме пораст на капиталните инвестиции во повеќе ресори, кои се клучни за развој на државата. Само во последните три години, од 2020-та до 2022 година, во услови на пандемија и светска економска и енергетска криза, успеавме да реализираме капитални инвестиции во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра.

Минатата година целосно ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани. Со пуштањето на делницата Крупиште – Кочани, во месец декември, сега го скратуваме времето на патување од еден до друг град на граѓаните од целиот источен регион на државата. Коридорот 8, експресниот пат кон Бугарија се гради со два нови изведувачи и тоа е сосема нова делница паралелна со постојниот пат којшто води до границата со Бугарија. Исто така, се работи на проширување на трета лента до границата, а комплетно е рехабилитиран патот Куманово – Ранковце.

Во овој момент активно тече изградбата на автопати во должина од 59 километри. Динамиката на изградба на коридорот од Кичево до Охрид, кој е во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра е навистина забрзана. Таму веќе 75 % од патот е завршен и се работи со забрзана динамика откако беа отстранети сите пречки. Во тек е реализација на автопатот Скопје – Блаце, фаза 1, која чини 12,18 милиони евра. Досега се реализирани 79%, а фазата 2 е во завршна фаза на проектирање. Вкупната должина на фаза 1 и фаза 2 е 12 километри. Се подготвуваат автопати за изградба Коридор 10-Д и Коридор 8 и тоа:

– Изградба на автопат Гостивар – Кичево

– Изградба на автопат Тетово – Гостивар

– Изградба на автопат Требениште – Струга-Ќафасан

– Изградба на автопат Прилеп – Битола

Во текот на мандатот на оваа Влада рекордно се изградени и рехабилитирани патиштата во државата. Ако за 11 години на претходната власт беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта, сега за 5 години имаме 1300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која како држава инвестиравме над 1 милијарда евра.

Започнуваме со изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија, со вкупна инвестиција повеќе од 600 милиони евра, која ќе се гради во 3 фази. Ова е историска, најголема инвестиција досега. Овозможуваме алтернативна пруга за домашните компании за поевтин и побрз транспорт и поврзуваме пристаништата во Бургас и Драч.

Инвестиравме и во гасоводната мрежа. Комплетно го завршивме гасоводот од Жидилово до Битола. Нешто за што многумина кажуваа дека нема шанса да се заврши во 2022 година. Докажавме дека може да се заврши. Сега непречено Битола може да биде снабдувана со гас. Тоа отвори можност за гасификација на Битола. Веќе привршува фазата на изградбата на топловодот од РЕК Битола до Битола.

Министерството за одбрана во 2022 година продолжи со реализацијата на неколку капитални, повеќегодишни проекти за набавка на современа и софистицирана опрема за Армијата. Согласно договорите Влада-со-Влада, во тек е набавка на лесни оклопни возила JLTV Oshkosh од кои во 2022 година пристигнаа 6 возила. Во следниот период оваа година се очекуваат уште 27 од вкупната набавка на 96 возила. Склучен е и договорот за набавка на лесни оклопни возила за специјални сили (STRYKER) од САД.

Во 2022 година, се потпиша и договорот за набавка на опрема за противвоздушна одбрана со Република Франција. Во 2022 година, склучени се и договорите за набавка на артилериски системи во соработка со Турција, како и за ремонт на два транспортни хеликоптери Ми-8МТ во соработка со Чешка.

Во 2022 година, продолжи вложувањето во подобрување на енергетската ефикасност на објектите, како и вложување во еколошки енергенси во касарните. Тука фокусот е ставен на воведување на повисоки еколошки стандарди во одбраната, преку вложување во енергетска транзиција и во модерни и енергетски ефикасни објекти.

Завршени се 15 проекти за реконструкција и реновирање на објектите на Армијата, меѓу кои санација и реновирање на сместувачките капацитети на Криволак и во Пепелиште, реновирање на сместувачките капацитети во касарната Петровец, изградба на нови санитарни јазли и пречистителни станици на Криволак, реконструкција на повеќе објекти во касарната Илинден и во касарната во Велес, реновирање на објект во касарната Страшо Пинџур во Скопје.

За 2023 година се планирани 28 проекти за реконструкција на армиски објекти.

Со целосна реализација на капиталните инвестиции е и Министерството за внатрешни работи. Минатата 2022 година ја завршивме со завидна бројка од 78 целосно реконструирани објекти на полицијата (седум во 2022), со вкупна вредност од над 8 милиони евра. Потоа, во рамките на проектот „Сината униформа дејствува за зелена околина“, се инвестирани околу 7,4 милиони евра, за енергетска ефикасност во сите реконструирани објекти на МВР.

За МВР и за Одделот за воздухопловни единици во рамки на МВР, катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал да се набави најсовремена опрема за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот. Овој Оддел е опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, при што за хеликоптерот „Бел 212“ е обезбедена најсовремена опрема, со што е оспособен за гаснење на пожари – едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“.

Владата посветено работи на унапредување и обезбедување на квалитетни услови за образование на секое дете. Министерството за образование и наука ги реализираше сите капитални инвестиции, кои, согласно инвестицискиот план, требаше да се заокружат во 2022 година.За реализација на капитални инвестиции со кои ќе се унапреди квалитетот на условите за следење на настава од страна на учениците, но и за работа на наставниците, во 2022 година беа обезбедени средства во износ од над 16,3 милиони евра.

Можете да прочитате

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Пoжари на диви депонии во Желино и Боговиње

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори