Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии

(Видео) Каевски: Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии

Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра, кажа на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Резултатите, рече тој, се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.

„Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на економски пресврт и нова надеж. Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики. Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија“, додаде тој.

Според него, 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат, како што рече и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од 2.3 отсто.

Тоа, меѓу другото како што оценува ќе го постигнеме и со зголемениот број на странски директни инвестиции, со трансформација на енергетскиот сектор, нешто што веќе интензивно се случува ширум нашата држава.

„СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина“, вели Каевски.

Можете да прочитате

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома