Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не признаваат цел еден народ.
„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ“, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари.
Им кажа дека Бугарија треба да го признае македонскиот народ и да сфати дека постојат три три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот, рече тој, односно се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија.
„Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови“, рече Светозаревиќ.