Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Илјадници луѓе бегаат од огромните пожари во Канада: „Имате време до пладне“

(Видео) Илјадници луѓе бегаат од огромните пожари во Канада: „Имате време до пладне“
300x250 opst2

Илјадници луѓе, кои живеат на северот на Канада, се собираат на аеродромот „Јелоунајф“ формирајќи колони од автомобили на единствениот автопат, кој води јужно од огромната територија загрозена од многубројни шумски пожари.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 20.000 луѓе треба да бидат евакуирани од „Јелоунајф“ до петок напладне, на кој му се заканува огромен шумски пожар на само петнаесет километри од градот.

Во четвртокот со авион беа евакуирани околу 1.500 жители, а за денес се закажани најмалку 22 лета од „Јелоунајф“. Властите на територијата проценуваат дека ќе може да евакуираат околу четвртина од населението по воздушен пат и не ја исклучуваат можноста акцијата да продолжи и в сабота.

„Ќе продолжиме додека не ги извлечеме сите жители на Јелоунајф“, рече Џенифер Јанг од службите за итни случаи на NWT на прес-конференција вчеравечер.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас