Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ибрахимовиќ ѕвезда и на годинешниот „Сан Ремо“

Ibrahimovic.jpg

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше ѕвезда и на годинешниот италијански музички фестивал „Сан Ремо“. На првата од петте вечери на „Сан Ремо“, Ибра-гол беше специјален гостин. Три години по легендарниот настап со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, Швеѓанецот со босанско потекло овој пат беше претставен со звуците од песната „Луда за тобом“ од Лепа Брена со што уште еднаш го потврди својот балкански менталитет.

https://www.youtube.com/watch?v=2VwFaxVxzTI

Ибрахимовиќ играчката кариера ја почна во 1999 година во родниот Малме, а ја заврши лани во дресот на Милан. Вкупно одигра 637 натпревари и постигна 405 голови.

Можете да прочитате

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница

Викенд хороскоп: На Биковите им треба мир, Вагите ги очекува важен разговор

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028