Утрински Весник
Спорт

(Видео) Хулиганите на Динамо убиле навивач на АЕК – Прашање е дали натпреварот ќе се игра

(Видео) Хулиганите на Динамо убиле навивач на АЕК – Прашање е дали натпреварот ќе се игра

Еден навивач на АЕК (22) го загуби животот во пресметката на хулиганите на атинскиот клуб и Динамо Загреб.

dobivaj vesti na viber

Тој бил избоден со нож,, поради што итно бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Бед Блу Бојс“ направија хаос во главниот град на Грција, ги напаѓаа сите што им се нашле на патот, а се обиделе да влезат и на стадионот.

Тие наишле на затворена врата, но го оштетиле челичниот орел кој се наоѓа на влезот на стадионот.

Полицијата веднаш реагираше откако хрватските навивачи пристигнаа на стадионот околу 23 часот.

Избила жестока тепачка меѓу навивачи на двата тима, употребени се молотови коктели, палки и други предмети.

Приведени се повеќе од 80 лица.

Инаку, натпреварот во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите е закажан од 20:45 часот.

Можете да прочитате

ГРК Охрид го освои Европскиот куп!

Пелистер испадна во Втора лига, Шкендија Арачиново го сочува прволигашкиот статус

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта