Утрински Весник
Свет

(Видео) Хеликоптерот во кој загина министерот се урна во близина на градинка во Киев, меѓу жртвите и деца

(Видео) Хеликоптерот во кој загина министерот се урна во близина на градинка во Киев, меѓу жртвите и деца

Хеликоптерот во кој животот го загуби украинскиот министер за внатрешни работи се урна во близина на зградата на градинката во Бровари во регионот на Киев. Службите за итни случаи излегоа на местото на настанот, изјави заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на Киев, Олексиј Кулеба на „Телеграм“ објави дека хеликоптерот паднал во близина на градинка и станбена зграда, а во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката.

„Има жртви. Брзата помош, полиција и пожарникари се на терен“, рече тој, пренесе „Гардијан“.

Според извештаите, во несреќата загина украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирски. Во хеликоптерот биле неговиот заменик, Јевхен Џенин, и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Можете да прочитате

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни