Утрински Весник
Свет

(Видео) Грците се борат за ослободување на плажите: бараат да се тргнат лежалките

(Видео) Грците се борат за ослободување на плажите: бараат да се тргнат лежалките

Грчкиот брег, некогаш познат по отворениот простор каде што сакате да положите пешкир, сега е преполн со чадори и лежалки, кои често се протегаат до самата вода, поради што граѓаните и активистите започнаа борба за ослободување на плажите.

dobivaj vesti na viber

Грција дозволува давање под закуп, но само делови од плажите, додека Уставот гарантира бесплатен јавен пристап до плажите. Сепак, сопствениците на локалите ја поминале границата и на многу популарни дестинации толку густо поставиле лежалки и чадори што нема место ниту за пешкир, пишува Н1.

Поради ова почна бунт низ целата земја, а граѓаните бараат да се почитува законот и плажите да бидат достапни за сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr)

Првата победа ја извојуваа жителите на островот Парос, кои избркаа закупец од дел од плажата.

На островот Наксос тројца бизнисмени се изведени пред суд поради узурпирање на плажата. Имено, тие без дозвола поставиле десетици чадори и лежалки на неколку плажи на само неколку метри од брегот.

Инспекцијата претходно реагирала на поплаките на граѓаните и ги отстранила лежалките и чадорите, кои повторно се појавиле веднаш штом инспекторите го напуштиле островот.

Министерот за национална економија и финансии Костис Хацидакис изјави дека нема да се толерира самоволно окупирање на плажите.

„Очигледно, некои луѓе не разбраа дека контролите, кои ќе продолжат и ќе се интензивираат, не се прават од комуникациски причини, туку од суштински причини, а тоа е да им се овозможи на граѓаните пристап до плажите, да се зачува имиџот на грчкиот туризам и да се заштита на јавниот интерес. Владата има волја и моќ да го спроведува законот и тоа ќе го прави секаде каде што е потребно. Повторувам дека нема да се откажеме“, рече грчкиот министер.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk