Утрински Весник
Македонија

(Видео) Градоначалниците се пофалија дека го победиле ѓубрето, контејнерите полни

(Видео) Градоначалниците се пофалија дека го победиле ѓубрето, контејнерите полни

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се пофалија дека издвоја победа во битката со ѓубрето, истото го направи и градоначалничката Данела Арсовска – додека контејнерите и натаму се преполни. Низ повеќе локации во Скопје, екипата на „Макфакс“ улови десетици неиспразнети контејери, иако скоро сите скопски општини посочија дека тие се празни.

dobivaj vesti na viber

Скопските градоначалници почнаа да бараат помош од други градови да им испратат возила за собирање на комунален смет поради бојкотот на скопските комуналци и натрупаноста на Скопје со ѓубре. Тие вчеравечер со механизација сами го собираа отпадот и го однесоа во „Дрисла“. Таму не им го прифатија за истовар, па го оставија пред портите.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи порача дека успеала да извојува уште една победа во интерес на жителите на градот.

„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани“, напиша градоначалничката Данела Арсовска покрај фотографиите од осум исчистени контејнери.

Можете да прочитате

Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!

Возач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Сиљановска-Давкова: Со премиерот Радев ќе трагаме по ново решение за деблокада на евроинтеграциите