Утрински Весник
Скопје

(Видео) Граѓаните на Ѓорче Петров повторно на протест против спорниот ДУП

Fb Img 1711802684627.jpg

Стотици граѓани и денеска излегоа на протест против спорниот ДУП во централниот дел од населбата.

Иницијативата ,,Не за бетонизација на Ѓорче Петров” бара од општината повлекување на планот со кој се предвидува изградба на повеќе згради некои и по 20 ката спроти пазарот во Ѓорче Петров.

,,Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем со водоснабдувањето, паркинг простор и загаденост на воздухот!
ДУПот наречен „Бетонски монструм“ кој предвидува нови 30тина згради со над 20 ката, 4000 станови и нови 10 илјади во општината сериозно ќе го наруши квалитетот на живеењето на ѓорчевци во нашата општина. Од таа причина бараме суспензија за изградба на висококатници, не не и за изградба на училиште и градинка во општината. Максимално поддржуваме изградба на училиште и градинка” вели Горан Симоновски од иницијативата.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода