Утрински Весник
Македонија

Уапсен штипјанец кај кого биле најдени оружје и дрога

622347080 1194500589527133 649795622935421836 n.jpg

На 08.09.2026 во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Б.К.(37) од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини во единствен опозициски фронт и да се врати на победничките патеки

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Треновски: Пред да увезуваме работници од странство, да ги вработиме нашите луѓе!