Утрински Весник
Македонија

(Видео) Го разрешиле од МЕПСО, му дале испратнина, а по три години, го враќаат на истото директорско место, за Битиќи – тоа е неетички

(Видео) Го разрешиле од МЕПСО, му дале испратнина, а по три години, го враќаат на истото директорско место, за Битиќи – тоа е неетички

Враќањето директор разрешен пред три години на истото работно место во МЕПСО може да доведе до нови ограничувања за менаџерските договори. Ваквата можност денес ја најави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање зошто е дозволено во државна институција, како што е МЕПСО, еднаш разрешениот директор на ИТ-секторот, Томи Божиновски, повторно да се врати на истата функција откога искористил испратнина и дали ќе му следува уште една доколку и вторпат биде разрешен.

dobivaj vesti na viber

„Ние минатата година мислам дека информиравме дека направивме ревизија на низа менаџерски договори. Веројатно порано некој ги подучил да потпишуваат менаџерски договори со клаузули, еве сега рефериравте на еден таков. Повеќето менаџерски договори во сите акционерски друштва се ревидирани со намалување на привилегиите на менаџерите. Јас се согласувам дека тоа треба и понатаму да се регулира затоа што еднаш разрешен човек, веројатно, се разрешува поради тоа што не можел да го исполни очекувањето од работното место. Би било нелогично и дури неетички да се врати на истото работно место“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој најави дека ако е потребно, Владата може да побара објаснување од МЕПСО зошто на истото работно место е вратен директор кој еднаш бил разрешен.

Можете да прочитате

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди

Исмаил: По труењето на над 1.000 гостиварци, време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините