Утрински Весник
Македонија

(Видео) Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, друго прави, да ги одблокира законите важни за справување со кризата

(Видео) Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, друго прави, да ги одблокира законите важни за справување со кризата

Во време на глобална економска и енергетска криза, исклучително е важно функционално собрание и заедничко делување во интерес на граѓаните, на економијата и државата. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, со својата работа и поддршка на мерките и политиките обезбеди помош за граѓаните, компаниите, ранливите граѓани, училиштата, општините, болниците, истакна на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на најтешката зима, посочи таа, обезбедена е храна, енергенси, парно. Струјата се субвенционира за сите граѓаните во висина од 80% од сметките за струја.

„Македонското собрание е место каде што сите политички партии треба да покажат дека се грижат и работат за граѓаните и за државата. Но гледаме дека тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат а друго прават. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите на законите кои се важни за полесно справување со предизвиците од кризата. Во Собранието кочат над 50 законски решенија. Ова е уште една потврда за лицемерието и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ“, вели пратеничката од СДСМ.

Законот за задолжување во европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, како што истакна, обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за нормално работење на ЕСМ во услови на криза.

„Не е првпат вака да се однесуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои дејствуваат единствено за интересите на партијата, а никако за интересите на граѓаните. Така беше и со Законот за средствата од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје, кој ВМРО-ДПМНЕ го блокираше се додека градоначалник на Скопје не стана нивната Данела Арсовска. На крајот самите меѓу себе за овој тендер и се испокараа, јавно обвинувајќи се за сторен криминал. Слично пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски постапуваа и за Законот за заем за поврзување на локални патишта“, додаде таа.

По неколкумесечни блокади, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ има можност да застане на страна на интересите на граѓаните. Неодговорното однесување да го замени со работа за граѓаните.

Оценува дека блокадите на македонското Собрание треба да прекинат, да се обезбеди ефикасност во носење на законите и поддршка на клучните закони за енергетската криза.

Можете да прочитате

Јакимовски: Не смееме веќе да дозволиме ниту еден млад лекар да се отсели од Македонија! 

Таравари: Ќе ги забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити

Мисајловски: За да почнат промените во Македонија потребна е масовна поддршка за Силјановска Давкова