Утрински Весник
Свет

(Видео) Фрлија супа од домати врз слика на Ван Гог во Лондон

(Видео) Фрлија супа од домати врз слика на Ван Гог во Лондон

Активисти за заштита на животната средина денеска фрлија супа од домати на сликата „Сончогледи“ на Винсент ван Гог од 1888 година во Националната галерија во центарот на Лондон, а полицијата соопшти дека уапсила две лица, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледаат две лица, кои носат маици „Само запрете го маслото“, отвораат лименка супа и ја истураат нејзината содржина врз ремек-делото, а потоа ги лепат рацете до ѕидот извикувајќи: „Што е поважно – уметност или живот?

Полицијата соопшти дека уапсила две лица, а просторијата на Галеријата е затворена за посетители.

Во соопштението за медиумите се наведува дека имало помали оштетувања на рамката, но сликата е неоштетена.

„Стоп, нафти“ наведува дека сликата, која е од 1888 година, е вредна 84,2 милиони долари.

Група активисти ги блокираа патиштата околу парламентот во изминатите неколку дена, а минатата недела полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле уапсени на протестите на еколошките здруженија.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами