Пишува: Славчо Попоски
Како што најавив, под влијание на многу постудена воздушна маса од север и од североисток, од утринава во повеќе градови низ Македонија, особено во источните и во североисточните предели од државава паѓа првиот снег за оваа сезона.
Снег од утринава паѓа во Кратово, Крива Паланка, Радовишко и на повеќе места од овој дел од државава.
Повремен локален снег во овие предели од државава и во некои населени места се очекува до крајот на денов, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден. Студеното време за овој период од годината ќе се задржи во текот на целата оваа седмица, ќе има и повремени врнежи од дожд, а повремено на планините и на повисоките места ќе врне снег.
Судејќи според моменталните прогностички материјали со кои располагам, се до крајот на овој месец ќе има почести продори на студен воздух од север, па така и понатаму можни се повремени снежни врнежи и на местата со помала надморска височина, што значи дека зимата ние веќе тука, иако до нејзиниот календарски почеток има повеќе од еден месец.