Утрински Весник
Економија

(Видео) Димковски: 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство

(Видео) Димковски: 97 милиони евра од ЕУ за модернизација на македонското земјоделство

Започна ИПАРД 3 програмата, 97 милиони евра од ЕУ се наменети за модернизација на македонското земјоделство, изјави на прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека политиките на СДСМ создаваат нови и подобри можности за македонските земјоделци и земјоделството во целина.

„Ние сме прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата. Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство. Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила“, рече Димковски.

Како што додаде, тоа претставува нова можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции за изградба на современа инфраструктура, патишта, пешачки патеки, водовод и канализација.

Од 1 септември веќе започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма. Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50 проценти од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

Димковски заклучи дека крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија