Утрински Весник
Спорт

Антони не се враќа во Манчестер јунајтед додека не се расчистат обвинувањата за насилство

Антони не се враќа во Манчестер јунајтед додека не се расчистат обвинувањата за насилство

Антони нема да се врати во тимот на Манчестер јунајтед додека не се расчистат обвинувањата од неговата поранешна девојка Габриела Каваљин за насилство, потврдија од клубот. 23-годишнот Антони не суспендиран, туку му е дозволено отсуство (со целосна плата) за да се брани од обвинувањата на три жени во Бразил.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука е направена по консултациите со генералниот директор Ричард Арнолд и менаџерот Ерик Тен Хаг, и доаѓа откако бразилската репрезентација реши да го исфрли Антони за мечевите против Боливија и Перу.

„Манчестер јунајтед ги доби обвиненијата против Антони. Играчите кои не учествувале во меѓународните натпревари треба да се јават на тренинг во понеделник, меѓутоа договорено е со Антони тој да го одложи враќањето до одреден датум за да реагира на обвиненијата. Ние како клуб го осудуваме насилството и малтретирањето“, се вели во објавата на Манчестер јунајтед.

Антони не е уапсен, но полицијата во Манчестер и во Сао Пауло ги истражува обвинувањата против него, откако 22-годишната Каваљин тврдеше дека тој ја нападнал физички четири пати. Поранешниот фудбалер на Ајакс ги отфрли обвинувањата и во петокот во интервју во кое плачеше тврдеше дека е невин.

Покрај Каваљин, Антони за насилство го обвинија уште две жени – студентката Рајсаде Фреитас и банкаркта Ингрид Лана.

Можете да прочитате

Во Скопје почнува Светското ракометно првенство за јуниорки

ЕВРО 2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург

Мбапе го скрши носот, ќе игра со маска на ЕП