Утрински Весник
Економија

Макпетрол смета дека одлуката на ОКТА не е доволна

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Макпетрол јавно порача дека потегот на ОКТА не го решава суштинскиот проблем. Повод за реакцијата е одлуката на ОКТА од 13 март до крајот на месецот да одобри попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини кон компаниите што набавуваат од неа, со можност тие тоа намалување да го пренесат и кон крајните потрошувачи.

Од Макпетрол велат дека таквото намалување е премало за состојбата на пазарот и дека не ја отстранува штетата што веќе настанала кај трговците на мало. Во нивната реакција се наведува дека добавувачот во изминатиот период продавал по цени повисоки од регулираните малопродажни цени, при што остварувал профити, додека бензинските станици работеле со загуба, но не ги затвориле продажните места. Компанијата додава и дека сè уште немала добиено официјално известување од добавувачот за објавеното намалување.


Судирот меѓу големопродажната и малопродажната логика станува уште повидлив ако се погледне што се случи на 10 март. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати беа зголемени во просек за 14,27 отсто, при што дизелот поскапе за 14,50 денари по литар, бензините за 5 денари, а екстра лесното масло за 12,50 денари. Тоа значи дека попустот што сега го нуди ОКТА покрива само мал дел од претходниот ценовен шок, особено кај дизелот.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра