Утрински Весник
Македонија

(Видео) Богоев: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје и да најде решение за хаосот што го создадоа

(Видео) Богоев: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје и да најде решение за хаосот што го создадоа

Ако денес не успеавте да стигнете на вашиот однапред закажан лекарски преглед. Ако денес не успеавте да го огнесете вашето детенце во градинка или во училиште. Ако денес не успеавте да стигнете на вашето работно место или на факултет и притоа во гужвата видовте заглавено возило на пожарна или на брза помош сетете се дека позади овие блокади и хаос стојат луѓе со име и презиме, изјави на денешната прес-конференција, Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Богоев објави слика која е направена на денот на локалните избори лани, пред околу една година. Направена е пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

На сликата Христијан Мицкоски со ново блузонче со патентече, видно расположени со потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски, срамежливо од позадина ѕирка Трајко Славески, денешен претседател на Советот на град Скопје, а во средина во бел капут, Данела Арсовска, денешна градоначалничка на град Скопје, пречекана со зурли и тапани и трубачи којшто ја свират Бела Чао, на настан на којшто ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа и преземање на градот Скопје, истакна Богоев.

Според него денес луѓето од оваа слика се наводно скарани за тендер и провизии од повеќе од 130 милиони евра. Од другата страна на протестите, од другата страна на блокадите, од другата страна на хаосот, Ленин Јовановски.

Присутен на сликата во друштво со Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ видно расположени што би рекол народот со ѓезме и со мезе. Ленин Јовановски важи за долгогодишен поддржувач на политиките на Никола Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Богоев додаде дека на двете слики е Хростијан Мицкоски. Присутен во друштво на двете страни од хаосот, сврзно ткиво на двете наводно завојувани страни кој го кочат и блокираат главниот град неколку денови. И бидејќи Јавните претпријатија на град Скопје имаат директори и членови на управни и надзорни одбори од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Советот во град Скопје е предводен од претседател и мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, бидејќи од една страна е Данела Арсовска сликана, поддржана од Христијан Мицкоски, од друга страна Ленин Јовановски, поддржувач на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, оттука СДСМ во име на граѓаните и на Скопјани денеска бара веднаш и без одлагање Христијан Мицкоски да издаде партиска директива, партиска задача или партиска наредба до неговите Данела, Трајко, директори и раководители на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски. Веднаш да ги тргант блокадите, веднаш да го ослободат градот Скопје и да ги ослободат скопјани да можат слободно и безбедно да се движат во нивниот главен град.

Доста беа блокади во Собранието, доста беа блокади во државата, доста беа блокади на евроинтеграциските процеси. Граѓаните и СДСМ бараат веднаш да прекине и блокадата на главниот град која што има име и презиме и виновници позади истата, изјави Богоев.

Можете да прочитате

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“