Утрински Весник
Македонија

(Видео) Богоев, Андрески и Герасимовски со пензионерите: поголеми пензии за 25 отсто со СДСМ

(Видео) Богоев, Андрески и Герасимовски со пензионерите: поголеми пензии за 25 отсто со СДСМ
Ss2

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, заедно со организацискиот секретар на СДСМ, Вангел Андрески, и претседателот на ОО СДСМ Центар и градоначалник на општина центар, Горан Герасимовски, денеска ги посети и се дружеше со пензионерите од пензионерскиот клуб на Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за медиуми дадена по средбата, потпретседателот Богоев посочи дека овој СДСМ на дело ја покажува грижата за пензионерите и преку системско решение обезбедува континуиран раст на пензиите за сите 330.000 пензионери.

300x250 (7)

„Имаме историско зголемување на пензиите од 8,4 отсто, што се случи овој месец. Заедно со минатите две зголемувања во септември и во март 2022, но и наредното зголемување, веќе во септември оваа година доаѓаме до вкупна бројка од 25 отсто зголемување на пензиите во период од само една и пол година. Ова е заложбата на СДСМ и коалицијата од која не отстапуваме. Пензионерите се луѓето што нас нè израснале и нормално и редно е сега ние да им возвратиме со ваква грижа“, порача Богоев.

Покрај ова, додаде тој, на пензионерите им помагаме и со замрзнување на цените на основните продукти.

„Сметаме дека со зголемени пензии и плати и со намалени цени на основните прехранбени продукти, зголемен износ на поврат од ‘Мој ДДВ’, навистина им помагаме на пензионерите да може да ги премостат последиците од кризата“, заклучи потпретседателот Богоев.

Покрај дружбата, Богоев, Андрески и Герасимовски заедно со пензионерите од Центар засадија и дрвца пред пензионерскиот клуб, симболично одбележувајќи го и почетокот на пролетта.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби