Утрински Весник
Македонија

Лога-Гарсија: Шпанија ќе ја интензивира соработката во делот на реформите во правосудството и владеење на правото

Лога-Гарсија: Шпанија ќе ја интензивира соработката во делот на реформите во правосудството и владеење на правото

Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со амбасадорот на Шпанија, Хозе Луси Лозано Гарсија.

dobivaj vesti na viber

Министерот Лога и амбасадорот Гарсија ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и истакнаа дека постои простор и подготвеност од двете страни оваа соработка да се продлабочи и интензивира.

Кралството Шпанија дава јасна и недвосмислена поддршка за што поскоро отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Министерот Кренар Лога го информираше шпанскиот амбасадор за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на правосудството, владеење на правото и законодавната агенда од каде наскоро се очекуваат конкретни резултати.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“