Утрински Весник
Свет

(Видео) „Благодарение на вас ќе славам нов роденден“: жена останала прикована за сообраќаен знак во невремето во Загреб

(Видео) „Благодарение на вас ќе славам нов роденден“: жена останала прикована за сообраќаен знак во невремето во Загреб

Во вчерашното страшно невреме што го зафати Загреб, жена останала прикована за сообраќаен знак, додека околу неа летале гранки, стебла од дрвја и силен ветер.

dobivaj vesti na viber

Една жена на Фејсбук групата „Моџи Средњаци“ објави видео на кое се гледа пеколот низ кој поминала. Таа јавно сакаше да им се заблагодари на случајните минувачи кои ја спасија од невремето и веројатно и го спасија животот.

„Утрото потоа… кога веќе има видео снимено од соседите, чувствувам потреба да му се заблагодарам на случаен минувач кој случајно се нашол таму бидејќи не можел да помине поради паднато дрво и ламба што му го попречила патот. Би сакала да му се заблагодарам и на сопругот на нашата прекрасна цвеќарка, да не беа тие, мојот живот денес веројатно значително ќе се разликуваше од вчера, а можеби и немаше да постои. На само чекор до влезот на зградата, бев закована на знакот на улицата додека летаа гранки наоколу и силен ветер со дожд. Тие несебично ми пријдоа на помош и ме извлекоа од ужасот. Уште еднаш им благодарам од се срце. Фала, непознат човеку, требаше да ја отворам вратата од автомобилот и да излезам во тој налет на ветрот. Благодарение на овие двајца луѓе можам да го прославам својот нов роденден, бидејќи без нивна помош немаше да преживеам. Ви благодарам добри луѓе 10.000 пати – напиша жената.

Вчера силно невреме ги зафати Словенија, Загреб и неколку градови во Србија. Невремето што вчера во попладневните часови ја зафати Хрватска предизвика тотален хаос во повеќе градови. Четири лица загинаа.

Невремето беше пропратено со многу силни налети на ветер, додека најлошо беше во околината на Рибница, каде се случи невреме со град.

Невремето урна кран со човек во него, а властите се обидуваа да го извлечат.

View this post on Instagram

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

Причина за честото невреме летово е невообичаено силниот висински ветер кој вообичаено во лето е многу послаб. Во исто време, силните ветрови се преклопуваат со голема атмосферска нестабилност, што доведува до создавање на посилни и подолготрајни бури, пренесуваат хрватските медиуми.

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска