Утрински Весник
Македонија

(Видео)Јаневска: Директорката на Државен просветен инспекторат поништила испит на 111 кандидати за директори

(Видео)Јаневска: Директорката на Државен просветен инспекторат поништила испит на 111 кандидати за директори

„Злоупотребата на службената должност на директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Елизабета Наумовска кулминира со одлука на Државниот просветен инспекторат да се поништи испитот на 111 кандидати кои посетувале обука за лиценца за директор според Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење“ вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Јаневска посочи дека „директорката на ДИЦ, одолговлекуваше со обуките и избор на обучувачи и го прекрши законот, член 18 став 8, и не закажа трет дел од испитот во законски рок. По претставка до ДПИ, државниот инспектор носи одлука да се поништи испитната сесија, на штета на кандидатите кои за оваа состојба воопшто не се виновни. Државната инспекторка која го донеле решението МОРА да ја преиспита својата одлука и да донесе решение во корист на кандидатите, затоа што член 18 став 8 се однесува само на третиот дел од испитот“.

„Ги охрабруваме кандидатите да поднесат барање до ДИЦ да им се признаат првите 2 дела и изработената семинарска работа, предадени во рок и во новата сесија, како трет дел од испитот, да остане само одбраната на семинарскиот труд пред истата комисија. Ги охрабруваме кандидатите да поднесат претставка и до Директорот на ДПИ за повторена инспекција во ДИЦ по овој предмет, со цел да се постапи во нивна корист, а за што има законска можност“ рече Јаневска.

Таа наведе дека „со оглед дека во решението од Државниот просветен инспектор не се бара одговорност од инволвираните лица во ДИЦ, го повикуваме Јавното обвинителство да поведе постапка за злоупотреба на службена дејност на лицата Елизабета Наумовска, Бети Ламбева и Лидија Нарешановска Смилевска“.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“