Утрински Весник
Скопје

(Видео) Јакимовски: Поставив стража да не дојде Соте да се слика и со мене па да каже дека и од мене има поддршка

Jakimovski.webp.webp

Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат Стевчо Јакимовски вечерва на социјалните мрежи преку сатирично видео реагираше на објавената фотогафија каде заедно се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и кандидатката на СДСМ која доживеа фијаско, Маја Манолева.

„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во момнетов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски.


Инаку во текот на денот Лукровски објави фотографија со Манолева што многумина го сфатија како договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Карпош.

Можете да прочитате

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар

Меџити: Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата во Саат Кула, се асфалтира улицата „Ремзи Хоџа”

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камени мост