Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јакимовски до советници од ВМРО-ДПМНЕ: Што договара вашиот лидер во една кафана во Карпош?

Јакимовски негира рушење на игралиште и фонтана во Карпош, граѓаните утре на протест

Жешка политичка дебата се одвиваше на последната седница на Советот на општина Карпош.

Откако советници на ВМРО-ДПМНЕ го нападнаа градоначалникот Стевчо Јакимовски дека заедно со компанијата „Пуцко Петрол“ ќе ги гради зградите кај Алумина, Јакимовски возврати со новите градби во соседната општина Ѓорче Петров.

„Дали вие сте пола-пола со Имер Селмани за зградите во Ѓорче Петров? Не сте ли пола-пола со Имер? Вашиот лидер седи во „Форца“ и договара. Што договара?“ праша Јакимовски, додавајќи дека тој не се плаши од заканите од ВМРО-ДПМНЕ.

Како изгледаше седницата погледнете во видеото подолу:

 

 

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание