Во спектакуларната вечерна сесија, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Ролан Гарос, победувајќи го Унгарецот Мартон Фучович со 7:6(2)/6:0/6:3 по контроверзите за неговата порака за Косово која го стави тенисот во втор план во претходниот меч.
Овојпат најмногу внимание предизвика чудната „лепенка“ на градите на Ѓоковиќ, која многумина ја споредија со суперхеројот „Ајронмен“, а која најверојатно е некој магнет за намалување на болките.
Iron Man has changed his Arc Reactor 😄#RolandGarros pic.twitter.com/XutxTAS1Y7
— Tennis Channel (@TennisChannel) May 31, 2023
Првиот сет беше вистинска награда за навивачите кои ги платија скапите билети, откако двајцата тенисери покажаа фантастична борбеност, и дури по час и половина игра, Србинот дојде до предност со 7:2 во тај-брејкот. Публиката ги награди тенисерите со аплауз и овации.
A standing ovation for Djokovic and Fucsovics after one of the best points at this year’s French Open 👏#RolandGarros pic.twitter.com/7HMkatAEsk
— Eurosport (@eurosport) May 31, 2023
Ако првиот сет беше неизвесен, во вториот, Ѓоковиќ не му дозволи ниту еден поен на противникот, чија игра падна, и беше готов за само половина час. На почетокот на третиот сет имаше размена на брејкови, но на крајот Ѓоковиќ доби предност и го комплетираше триумфот.
Следен за Ѓоковиќ е 29. носител, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, кој со 6:4/6:3/7:6(6) го победи Французинот Лукас ван Аш.