Утрински Весник
Македонија

Вевчански карневал: Сè подготвено за дводневната карневалска магија

Vevchani.jpg

Вевчани е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, кој утре и в среда ќе ги исполни улиците со маски, хумор и традиција, информира градоначалникот Спасе Кочовски за МИА. Забавната програма започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, „Пука козметика“ и „Брас брадрс“, а утревечер следува фолк-вечер со Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестар, зурлите и тапаните „Вевчани“, како и Перо Бели и групата „Вип“. Кочовски уверува дека временските услови нема да ја попречат манифестацијата, бидејќи улиците се исчистени и проодни, а сместувачките капацитети се целосно исполнети.

Тој најавува уште едно автентично карневалско издание исполнето со сатира, забава и дружење. Василичарското дефиле под маски започнува утре попладне, кога жителите на Вевчани преку маските на сатиричен начин ќе ги прикажат настаните и проблемите што ја одбележале изминатата година. Василичарите истакнуваат дека секоја маска носи порака и критика кон општеството и секојдневието. Карневалот, со традиција стара речиси 15 века, започнува на 13 јануари со дефиле на друштвата „Горна“ и „Долна маала“, а завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските на централниот плоштад во Вевчани.

Можете да прочитате

Денеска се полага првиот дел од државната матура

Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“