Утрински Весник
Македонија

Средба Хоџа-Ќехаја: Екологија и регионален развој во фокус

Mh3 scaled.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, д-р Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање.

За време на средбата, министерот Хоџа и амбасадорот Ќехаја ги оценија пријателските односи и одличната соработка меѓу двете земји, истакнувајќи ја важноста на постојните документи и заеднички иницијативи, вклучувајќи го Меморандумот за разбирање од 2012 година за соработка во областа на животната средина, Договорот за економска соработка, како и регионалната иницијатива „Заедничка визија за Шар Планина”, која има за цел заштита и одржлив развој на прекуграничните заштитени подрачја.

Соговорниците ја истакнаа важноста на соработката во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, како и на значајните инфраструктурни и економски проекти кои придонесуваат за зајакнување на врските меѓу двете земји.

На  средбата, се  изрази заеднички интерес за интензивирање на соработката во наредниот период, вклучувајќи и ревидирање на постојниот Меморандум, меѓу двете држави.

Хоџа и Ќехаја ја реафирмираа посветеноста за зајакнување на билатералната и регионалната соработка во областа на заштитата на животната средина и зачувувањето на природното наследство.

Можете да прочитате

Денеска се полага првиот дел од државната матура

Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“