Утрински Весник
Македонија

Вевчанецот кој за децата со аутизам кажа дека треба да се извор на органи и ги нарече „ретардирани“ доби кривична и од „Меѓаши“

Вевчанецот кој за децата со аутизам кажа дека треба да се извор на органи и ги нарече „ретардирани“ доби кривична и од „Меѓаши“

МВР информира дека денеска во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Ходаи: Како Кочо Анѓушев и натаму им предава на студенти откако е ставен на американската црна листа за корупција?

Тошковски најави повисоки плати и нови униформи за полицајците, „Безбеден град“ ќе добие подвижни радари