Променливо облачно и со слаб локален дожд ќе ја поиневе вечерва, изнформираат од УХМР. Дува слаб до умерен, а во западните делови на места засилен ветер од западен правец. Долж Повардарието до крајот на денот и во текот на ноќта ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува.
Во Скопје ќе има повремен дожд и ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, што ќе се задржи и преку ноќта.
Сончево и посвежо со мала до умерена облачност ќе биде времето утре. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје в недела ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени.
Поради разведрувањето во првите два дена од работната седмица утринските температури ќе се спуштат под нулата. Нов влажен бран со наоблачување и врнежи од дожд се очекува во среда.