Утрински Весник
Спорт

Вест Хем одбиле 105 милиони евра за Деклан Рајс

Вест Хем одбиле 105 милиони евра за Деклан Рајс

Челниците на Вест Хем ја одбиле првата понуда на Арсенал за нивниот капитен и англиски репрезентативец, Деклан Рајс.

dobivaj vesti na viber

Арсенал, според англиските медиуми, понудиле 90 милиони фунти (над 100 милиони евра) за задниот играч за врска. Нивниот план е што поскоро да го обезбедат неговиот потпис.

Вест Хем порачале дека сакаат најмалку 100 милиони фунти. Според британските медиуми, во трката сега би можел да се вклучи и Манчестер сити, кој секако може да ја одвои сумата што ја бара Вест Хем.

Во меѓувреме, Деклан Рајс мирно ја чека расврската.

„Го сакам овој клуб и фокусиран сум на него. Јас сум капитен и не треба да кажам колку ми значи оваа позиција. Имам уште две години од договорот. Од друга страна, свесен сум за интересот на другите тимови. Ќе видиме што ќе се случи. Никој не го знае тоа во моментов“, изјави Рајс.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха

Ферари жали за загубените бодови во борбата за трофејот кај конструкторите

Атланта и Хјустон ги чекираа билетите за Лас Вегас