Утрински Весник
Спорт

Верстапен по второто место во Мајами: Се изненадив од брзината на Мекларен

20240506114251 Big 730x400 4.webp.webp

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен се осврна на своето второ место на Формула 1 трката возена синоќа за Големата награда на Мајами.

– Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Не се чувствував многу добро со медиум пневматиците. Се изненадив брзо возеше болидот на Мекларен. Нашиот ден не беше најдобар, но јас целосно го прифаќам второто место на ваков ден. Ми недостигаше забрзување, треба да видиме зошто тоа се случи. Ова не беше нашиот најсилен викенд во однос на нашето темпо. Честитки до Норис за победата, изјави Верстапен.

Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис за прв пат во кариерата оствари победа на трка во Формула 1 шампионатот.

Верстапен заврши на второто место со заостанување од 7,612 секунди.

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата