Утрински Весник
Свет

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат

Vens.jpg

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори.

„Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори.


Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Венс истакна дека на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „безусловно“ ќе треба да им биде дозволено да се вратат во Иран, како дел од евентуалниот иден договор.

Според него, еден од клучните елементи на договорот е МААЕ и САД да му помогнат на Иран да ги уништи своите резерви на високо збогатен ураниум што, како што рече, е јасно наведено во меморандумот за разбирање што двете страни веќе го усогласиле.

Можете да прочитате

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив

УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици

Осум лица загинаа при тест-лет на американски бомбардер Б-52, се урна веднаш по полетувањето