Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДС, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово.


Според објавените аудио снимки од разговорот меѓу Дака и Кичеец, Дака му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово.

Каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово?

Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?

Дали Заев и Филипче го ставиле личниот интерес пред интересот на граѓаните се со цел енормно да заработат? Дали Заев и Филипче за лична корист биле спремни да му дозволат на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа Дака да гради во Тетово?

За лични лукративни цели Заев и Филипче биле спремни да ја шират и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски.

Зошто СДС и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

Ова е доказ дека Заев и Филипче освен лични интереси ништо друго не ги интересира. Заев и Филипче се спремни да продаваат национални интереси и да шират антидржавна политика, а со тоа и да наштетат на процесот на евроинтеграциите само поради една цел, енормно да се богатат.

СДС да не молчи, Филипче да не се крие и да даде одговори на јавноста. ЈО да го истражи случајот целосно и да постапи согласно законот. Владеење на правото и правна држава мора да има.

Можете да прочитате

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица