Утрински Весник
Свет

Велика Британија замрзна руски имот oд 20 милијарди долари

Велика Британија замрзна руски имот oд 20 милијарди долари

Британската влада објави дека замрзнала средства во вредност од 20,5 милијарди долари што ги поседуваат руски олигарси, поединци и компании санкционирани поради инвазијата на Москва врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Русија стана најсанкционирана земја од Велика Британија, објави Канцеларијата за спроведување на финансиските санкции (ОФСИ), дел од Министерството за финансии, во својот годишен извештај.

Рускиот милијардер Роман Абрамович и бизнисменот Михаил Фридман се меѓу санкционираните оваа година, заедно со претседателот Владимир Путин, неговото семејство и воените команданти.

 

Можете да прочитате

Иран за првпат ја нападна Сирија, сообраќајот низ Хормуз е запрен

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина