Утрински Весник
Македонија

Велешанец со „кавасаки“ излета од пат, тешко повредени возачот и сопатникот

Седумнаесетгодишник со мотор удрил во малолетно девојче: двајцата пренесени во болница

Вчера, во 18 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, кај село Сарамзалино, 51-годишниот Е. П. од Велес, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Тешки телесни повреди добиле возачот на мотоциклот и сопатникот Р. С. (39) од Скопје, констатирани во Итна медицинска помош Свети Николе“, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.

Можете да прочитате

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и муниција

30 дена притвор за 50-годишник од Македонски Брод, повеќепати силувал девојка со попреченост