Утрински Весник
Македонија

Вечерва Љупчо Николовски повикан на службен разговор во СВР Скопје

Img 4037.jpeg

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е повикан на службен разговор во СВР Скопје, дознава Press24.

Според информациите на медиумот, Николовски се сомничи за злоупотреба поврзана со јавна набавка во вредност од повеќе од 800.000 евра, која била реализирана во периодот додека ја извршувал функцијата министер.


Неофицијално, предметот се однесува на наводно постапување спротивно на Законот за јавни набавки, а надлежните институции веќе преземаат активности за расчистување на случајот.

Во моментов нема официјални детали од истрагата, ниту пак е соопштено дали против Николовски ќе биде поведена понатамошна постапка.

Од институциите засега нема официјална потврда за конкретните сомнежи, додека се очекува повеќе информации во текот на денот.

Можете да прочитате

Средба на пратениците од Левица со рускиот амбасадор

Бебе оставено во парк на клупа во Скопје

Работник на „Комуналец“ Гостивар починал при чистење на канал за вода