Утрински Весник
Македонија

Вечерва Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу

Img 2021

По целодневна расправа во Собранието, парламентарното мнозинство неколку минути пред полноќ изгласа која разрешување на  двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество и администрација.

За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани бидејќи опозициските пратеници по учеството во целодневната дебата со критики за владеачката коалиција не учествуваа во гласањето.

Меџити и Алиу се приврзаници на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Нивното разрешување го побараа органите на Алијансата каде мнозинство има поранешниот лидер Зијадин Села по што владата побара разрешување.

Расцепот во Алијанса се појави откако Таравари најави дека партијата која ја води ќе биде дел од опозициската коалиција на албанските партии во Македонија. Села и неговото крило се спротивставија по што министрите подржувачи на партискиот лидер Таравари беа разрешени.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ