
Платформата за комуникација „Ватсап“ (WhatsApp) објави нова надградба на својата основна апликација за „Епл вач“ (Apple Watch), овозможувајќи им на корисниците пристап до основните функции на услугата без употреба на својот телефон.
„Ватсап“ за паметниот часовник „Епл вач“ поддржува и читање цели пораки, наместо само делови од нив. Корисниците, исто така, ќе може да видат повеќе од нивната историја на разговори при читањето пораки, да снимаат и испраќаат гласовни пораки и да користат брзи емотикони како реакции. Апликацијата, инаку, прикажува фотографии и налепници со висока резолуција.
„Ватсап Епл вач“ сега е достапен за серијата 4 на „Епл вач“ и понови модели што работат со оперативниот систем „Вач-ОС“ (watchOS) или понов софтвер.
За жал, корисниците сè уште не можат да примаат и остваруваат повик користејќи го само својот „Епл вач“, но можат да видат кој ги повикува без да мора да гледаат во екранот на телефонот. Од „Ватсап“ велат дека ова е само почеток, оти наскоро доаѓаат повеќе функции. Како и со другите апликации, и „Епл вач“ поддржува енкрипција од крај до крај.



