Утрински Весник
Свет

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран дозволува премин на дел од нафтените танкери низ Хормушкиот теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната.

Според Трамп, Техеран дозволил премин на десет танкери низ стратешкиот теснец, што американскиот претседател го нарекол „подарок“ со кој Иран покажува сериозност во преговорите.


Трамп изјави за новинарите дека Иран првично најавил премин на осум големи танкери, а потоа бродовите се упатиле кон север.

„Ги следев вестите и би рекол дека се случува нешто необично. Осум големи танкери поминуваат право низ средината на теснецот. Тогаш помислив, изгледа дека се сериозни и искрени.

Мислам дека биле под пакистанска знамиња. Потоа се извинија за нешто што рекле и додадоа уште два брода. На крајот поминаа десет бродови“, рече Трамп.

Овој потег, според Трамп, покажува подготвеност на Иран да се вклучи во дипломатски преговори и да ја олесни ситуацијата во регионот.

Можете да прочитате

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони

Иран: Вашингтон е во „состојба на збунетост“ околу конфликтот