Утрински Весник
Свет

Вашингтон Пост: Израел предизвикал гнев во Белата куќа откако соопштил дека го ликвидирал Ханија

20240806125608 Big 730x400 46.webp.webp

Израел веднаш по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, ги информираше САД дека стои зад убиството, пишува Вашингтон пост, цитирајќи извори запознаени со процесот во Белата куќа.

Според весникот, претставниците на администрацијата на претседателот Џо Бајден биле огорчени поради одлуката за ликвидација на Ханија, загрижени дека тоа би можело да стави крај на повеќемесечните внимателни преговори за примирје во Газа.

Весникот наведува дека американските власти се исто така гневни и поради тоа што Израел не ги информирал пред да започне други операции за напади на Хезболах или ирански команданти, пренесува Тајмс оф Израел.

Анонимен израелски функционер, цитиран од Вашингтон пост, потврдува дека телефонскиот разговор меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден минатата недела бил „тензичен”.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен