Утрински Весник
Свет

Вашингтон пост: Бајден ја укина забраната за употреба на американско оружје од украинскиот полк Азов

Azov.webp.webp

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ја укине забраната на контроверзна украинска воена единица да користи американско оружје, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот.

Стејт департментот ја укина десетгодишната забрана за полкот Азов да користи американска обука и оружје, откако по анализа не откри докази за кршење на човековите права од страна на единицата, објави весникот. 

Актот Лихи забранува давање американска воена помош за странски воени единици за кои е утврдено дека извршиле кршење на човековите права. Азовскиот полк, кој има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и потекнува од баталјон формиран во 2014 година за борба против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Полкот во Украина е пофален како бранител на земјата од руската инвазија, а особено на јужниот град Мариупол, но во Руската Федерација го третираат како терористичка организација и неговите активности се забранети. 

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена