Утрински Весник
Свет

Најмалку 16 загинати во напад врз џамија во Пакистан

20260918132830 big 730x400 12.webp.webp

Најмалку 16 лица, вклучувајќи и петмина полицајци, се убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило со експлозив се забило во неа. Информацијата ја потврди висок полициски службеник од Пешавар, пишува Би-би-си Њуз.

Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште траат вооружени судири меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден од полицајците изјавил дека еден напаѓач е убиен и дека е во тек спасувачка операција.


Во официјално соопштение, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари им упатил „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“. 

Можете да прочитате

Во Иран се воведуваат затворски казни за соработка со медиуми прогласени за непријателски

Литванија сака да ја укине забраната за нуклеарно оружје, Kремљ предупредува на ескалација

Насилни протести во Барселона поради станбената криза