Утрински Весник
Свет

Вашингтон бара итно ослободување на Навални

Вашингтон бара итно ослободување на Навални
Dik 300x250 mk

САД се длабоко загрижени поради растечкото самоволие што руската влада го презема во однос на правата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, се вели во изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс објавена вчера на веб-страницата на Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Според САД, властите ја попречуваат подготовката на одбраната на Навални и не му дозволуваат слободно да комуницира со своите адвокати.

„Опструкцијата се состои од следење на состаноците и одложување на размената на документи меѓу Навални и неговите адвокати. Ова мешање, заедно со неговите повторени притвори за наводни прекршоци што ги направил, е уште еден доказ дека ова е политички мотивирано вознемирување. Апсењето на Навални по неговото враќање во Русија само по себе беше срамно, но последователното малтретирање на кое беше подложен само ја покажува несигурноста на руската влада и стравот што таа го има од луѓето што ја зборуваат вистината“, нагласи Прајс.

Се повикува на негово итно ослободување, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Можете да прочитате

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета

Уапсени се осомничените за грабежот во Лувр