Утрински Весник
Балкан

Вархеји: Планот за раст се реализира, ќе разговараме за приоритети како СЕПА

Varhe I.webp.webp

Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји пред отворањето на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор.

Според него, во рамките на споменатите приоритети, најважна е СЕПА (Single Euro Payment Area) односно област на заедничко плаќање во евра.

Тој изјави дека сите граѓани и бизнисмени од регионот од првиот ден од следната година ќе имаат придобивки од овој план.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ се одржува под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ се одржува во Котор, а учествуваат лидерите од регионот, претставници на ЕУ и САД.

Можете да прочитате

70 годишен маж од Македонија спасен од давење во Неи Пори

Пронајдена четвртата жртва од бродската несреќа кај Сплит

Проектот „Ноќни музеи“ повторно ги отвора вратите на културното наследство на Туркије по зајдисонце