Утрински Весник
Македонија

Вархеји: На младите Роми треба да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување

Вархеји: На младите Роми треба да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување

Домаќин на годишниот министерски состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ – Познанска декларација е Република Северна Македонија. На состанокот добрите пракси од своите држави како и гледиштата за идните чекори ги истакнаа министри од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

dobivaj vesti na viber

Министерскиот состанок со поздравни обраќања го отворија Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Оливер Вархеји, комесар за проширување и соседски односи од Европската комисија, Ана Лирман, државен министер за Европа и клима во Германија, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Жељко Јованович, директорот на Ромската иницијатива при Фондациите Отворено општество (Open society).

Тренчевска отворајќи го настанот ја истакна важноста на годишниот состанок за интеграција на Ромите посочувајќи дека размената на добри пракси може да придонесе во унапредувањето на политиките и мерките кои го подобруваат квалитетот на живот на Ромите. Таа посака добредојде на сите присутни и повика на плодна дискусија која ќе оди во прилог на сите земји учеснички.

„ На младите Роми треба да се залагаме да им обезбедиме целосен пристап до образование, здравство, домување, вработување и учество во зелената агенда “ истакна Вархеји.

Тој посочи дека постојат голем број на успешни проекти кои ги вклучуваат Ромите и придонесуваат кон унапредување на нивниот животен стандард, меѓутоа ја искажа и својата убеденост дека земјите во регионот можат уште повеќе.

Лирман во своето видео обраќање ја истакна силната поддршка на Германија во процесот на интеграција на Ромите и ја искажа својата визија за инклузивна Европа која подеднакво ќе ги вклучува Ромите како и сите маргинализирани групи во сите општествени процеси.

Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир ја истакна важноста на соработката за успешна интеграција на ромската заедница во сите општествени процеси.

„Соработката е клучна за постигнување на значаен напредок. Ова значи тесна соработка со институциите на ЕУ, релевантните меѓународни организации, граѓанските организации предводени од Ромите и што е најважно, самите ромски заедници. Нивните гласови мора да се слушнат, а нивните перспективи мора да ги водат нашите заложби. Како заклучок – стоиме на клучен момент во нашето патување кон вклучување на Ромите во Западен Балкан. Предизвиците се застрашувачки, но и одлучноста да се надминат“ изјави Гир.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско