Утрински Весник
Спорт

Вардар си го наплати долгот во Автокоманда

Alkaloid vardar.jpg

Дербито од 5. коло во плеј-офот на македонската машка ракометна Супер лига, одиграно во „Автокоманда меѓу домашниот Алкалоид и Вардар му припадна на поискусниот гостински тим (27:23). Со овој триумф „црвено-црните“ му се реваншираа на Алкалоида за минатосезонските порази кои беа решавачи и за загубената титула. Овојпат Вардар не дозволи такови изнеандување. Избраниците на тренерот Владо Недановски играа сигурно, па по првото полувреме обезбедија предност од осум голови разлика (16:8). Во вториот дел Вардар дојде и до највисоките девет голови предност, по што го зафати период од десет минути без постигнат гол, што Алкалоид го искосристи за да го ублажи поразот на само четири голови разлика (23:27). Најефикасен во редовите на Вардар беше Марко Срдановиќ со седум постигнати голови, а кај домаќинот со осим погодоци заврши Мартин Серафимов. Сега Вардар е на третата позиција со 12 бодови, колку и четвртопласираниот Алкалоид.

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум