Утрински Весник
Спорт

Ван Гал: Ако сакаме да бидеме светски прваци, во еден сегмент мора да бидеме подобри

Ван Гал: Ако сакаме да бидеме светски прваци, во еден сегмент мора да бидеме подобри
300x250 (7)

Селекторот на Холандија, Луј ван Гал, инсистираше на тоа дека неговите избраници не смеат да ја губат топката толку лесно како во осминафиналето на пресметката со САД, доколку сакаат да го освојат трофејот на Светското првенство во Катар. Искусниот стратег уште еднаш изјави дека целта на „лалињата“ е токму светската титула.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека можеме подобро. Видовме фантастични голови, особено третиот. Нашиот план е да создадеме простор зад грбот на противникот и добро да ги искористиме шансите, но можевме подобро во некои ситуации кога ја имаме топката. Честопати ја губиме без причина и во тој поглед мораме да бидеме подобри. Во спротивно, нема да станеме светски шампиони, а тоа го сакаме сите.Четврт-финалето не е лошо, но ние сакаме пласман во финалето. Сега ќе им дадеме на играчите еден ден одмор затоа што ова беше многу тежок натпревар“, изјави Ван Гал по победата над САД, која воедно беше 19-ти натпревар по ред без пораз за Холандија.

Ss1

Холанѓаните славеа над САД со 3:1 и го четврт-финалето го очекуваат подобриот од вечерашниот меч меѓу Аргентина и Австралија.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер