Утрински Весник
Свет

Десетици албански деца исчезнати во Англија

Десетици албански деца исчезнати во Англија

Речиси 20 отсто од децата мигранти без придружба од Албанија, кои годинава ги прифати Советот на округот Кент во Англија, се исчезнати, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

До 31 октомври, локалните власти примија 197 албански деца, од кои 39 исчезнале.

„Еcpat UK“, која води кампањи за заштита на децата од експлоатација, посочи дека бројките се многу загрижувачки.

Советот тврди дека тесно соработувал со Министерството за внатрешни работи и со полицијата за заштита на загрозените деца. Институцијатa уверува дека се грижела за 197 албански деца кои биле во прифатната единица на Министерството за внатрешни работи во Кент во периодот од 1 јануари до 31 октомври.

Од Советот додаваат дека од 7 ноември, 39 се пријавени како исчезнати, но и дека оттогаш некои деца наполниле 18 години. Според владините бројки собрани од „Би-Би-Си“, 44.122 луѓе го преминале Ламанш со мали чамци досега оваа година, во споредба со 28.461 кои пристигнале во 2021 година.

Ова предизвика центарот Манстон во Кент да биде преоптоварен.

Советот на округот Кент во соопштението нагласи дека има значително зголемување на бројот на албански деца без придружба и дека тие се ранливи на експлоатација.

Советот, исто така, најави дека ќе утврди дали системот може да се подобри за да се спречи истото да се повтори во иднина.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток